
Господ, па Америка
Неколку години во доцните деведесетти години од минатиот век, Румена Бужаровска живеела во Феникс, Аризона. Повеќе од дваесет години подоцна, одлучува да се врати и да види колку се променил нејзиниот свет. Нејзин? Да — светот на нејзиното детство, со кој ја поврзуваат автентични мириси и конкретни сеќавања. Резултатот на тоа враќање е книгата Господ, па Америка.
Структурно, се работи за хибридно дело што ги спојува мемоарот, личниот есеј, патописот и расказот. Се работи за дневнички записи кои го следат нејзиното патување низ југот на Соединетите Држави — од Аризона до Ки Вест, на крајниот југ на Флорида, а потоа и на север, до Џорџија, во ритуална посета на фармата каде што живеела Фланери О’Конор, американската писателка што Бужаровска ја има преведено на македонски.
Напишана духовито и со страст, оваа американа е меѓу најдобрите од својот вид. Во духот на есеите на Џоан Дидион, преку описот на културните и политичките аномалии на денешна Америка, Бужаровска го задржува непоткупливиот и отрезнувачки македонски, па и балкански поглед „од надвор“, ослободен од какви било илузии за денешниот свет.
Семездин Мехмединовиќ
Книгата е оригинално напишана на англиски јазик, па преведена на македонски од страна на авторката.