
Осмица
Осмица е збирка раскази чии главни ликови се жени од различни возрасти. Тина доживува трауматично искуство при првата посета на гинеколог. Кети не сака да го покаже економскиот статус пред нејзината богата пријателка и ги троши заштедите на скапо здолниште. Млада сопруга е принудена да живее со свекрва ѝ и нејзината агресивна мачка. Секоја приказна е мала драма што води кон емотивни ќорсок, тензија и распад на семејните односи.
Авторката силно ја чувствува положбата на жената, нејзиниот отпор и немоќ под притисокот на распаднатото патријархално општество, опишувајќи ја со едноставен, прецизен, наместа духовит стил.
Оригинално објавена во Блесок, 2010, Осмица е реиздадена како избор од расказите од оригиналното издание, но и од дебитантската збирка Чкртки.